Опште информације
Опис супстанце: -
VACMUL EDM 3
REACH регистрациони бр
01-2119457736-27
БРОЈЕВИ ХИТНИХ ОДГОВОРА:
+389 23 147 635
Icons in SDS
информације о компанији
назив компаније
ExxonMobil Petroleum & Chemical BV
адреса Е-поште
contact@toxicocenter.com.mk
Секција 2
2.1. класификација хемикалије
НА СУПСТАНЦА ИЛИ СМЕСА Класификација според Регулативата (ЕК) No
Пиктограми
Сигнален збор: Опасност Искази за опасност: Н304: Може да е смртоносен ако се проголта и влезе во дишните патишта. Искази за предупредување: Р301 + Р310 АКО СЕ ПРОГОЛТА Веднаш да се повика ТОКСИКОЛОШКИ ЦЕНТАР или доктор/лекар. Р331 Да НЕ се предизвикува повраќање. Р405: Да се чува заклучен. Р501: Да се уништи содржината и амбалажата во согласност со локалните прописи. Содржи: Јаглеводороди, C14-C18, n-алкани, изоалкани, циклични, <2% ароматични 2.3. ДРУГИ ОПАСНОСТИ Физички / хемиски опасности: Материјалот може да ослободи пареи кои лесно образуваат запаливи смеси. Акумулираните пареи може да букнат и/или експлодираат ако се потпалат. ЗДРАВСТВЕНИ ОПАСНОСТИ: Поткожно инјектирање при висок притисок може да доведе до сериозно оштетување. Може да ја исуши кожата и да доведе до непријатност и дерматит. Може да е надразнувачко за очите, носот, грлото и белите дробови. Еколошки опасности: Нема значајни ризици. Материјалот не ги исполнува критериумите за PBT или vPvB во согласност со REACH Анекс XIII. СЕКЦИЈА 3 СОСТАВ/ИНФОРМАЦИИ ЗА СОСТОЈКИТЕ 3.1. СУПСТАНЦИ Овој материјал е дефиниран како супстанца. Супстанци кои се пријавуваат кои се во согласност со критериумите за класификација и/или со границата на изложеност (OEL) Име на производот CAS (Сервис EC# Регистрација# Концентрациј GHS/CLP за апстракти а* класификација по хемија)# Јаглеводороди, C14-C18, n-алкани, 927-632-8 01-2119457736-27 100 % Asp. Tox. 1 H304, изоалкани, циклични, <2% ароматични EUH066 Забелешка - било која класификација во аглести загради е GHS градивен блок што не е прифатен од ЕУ во CLP регулативата (No 1272/2008) и според тоа не се применува во ЕУ или во не-ЕУ земји кои ја имплементирале CLP регулативата и е прикажана само информативно. * Сите концентрации се масени проценти освен ако супстанцата е гасовита. Концентрациите на гасовите се волуменски проценти. Забелешка: Секој запис во колоната ЕУ# што започнува со цифрата „9“ е Привремен број на списокот доделен од ECHA (European Chemicals Agency - Европска агенција за хемикалии) додека не се издаде официјален ЕУ инвентарен број за супстанцата. Види ја Секцијата 15 за дополнителни информации за CAS (Chemical Abstract Service) бројот. ЗАБЕЛЕШКА: Види (M)SDS Секција 16 за целосен текст со изразите за опасност. 3.2. СМЕСИ Не е применлив. Овој производ е регулиран како супстанца. СЕКЦИЈА 4 МЕРКИ ЗА ПРВА ПОМОШ 4.1. ОПИС НА МЕРКИ ЗА ПРВА ПОМОШ ВДИШУВАЊЕ Да се отстрани од понатамошно изложување. За оние кои пружаат помош, да избегнуваат изложување. Да се примени соодветна респираторна заштита. Ако се јави респираторно надразнување, зашеметеност, гадење или губење свест, веднаш да се побара медицинска помош. Ако запрело дишењето, да се даде вештачко дишење со помош на апарат или уста-на-уста. ДОПИР СО КОЖА Да се измијат со вода и сапун изложените површини.Да се отстрани контаминираната облека.Да се испере контаминираната облека пред повторна употреба Ако овој производ се инјектира во или под кожата, или во кој и да е дел на телото, без разлика на изгледот на раната или големината, Лицето треба веднаш да биде прегледано од лекар како итен хируршки случај. Иако почетните симптоми од инјекцијата под висок притисок може да се минимални или отсутни, благовремената хируршка интервенција во првите неколку часа може значително да го намали конечниот степен на повредата. ДОПИР СО ОЧИ Да се измие темелно со вода. Ако дојде до надразнување, да се побара медицинска помош. ПРОГОЛТУВАЊЕ Веднаш да се побара медицинска помош. Да не се предизвикува повраќање. 4.2. НАЈВАЖНИ СИМПТОМИ И ЕФЕКТИ, КАКО АКУТНИ ТАКА И ОДЛОЖЕНИ Локална некроза изразена како одложено чувство на болка и оштетување на кожата неколку часа по инјектирање. 4.3. ИНДИКАЦИИ ЗА БИЛО КОЈА ПОТРЕБА ОД ИТНО МЕДИЦИНСКО ВНИМАНИЕ И СПЕЦИЈАЛЕН ТРЕТМАН Ако се проголта, материјалот може да се аспирира во белите дробови и да предизвика хемиски пневмонитис. Да се третира соодветно. СЕКЦИЈА 5 МЕРКИ ЗА ГАСЕЊЕ ПОЖАР